Над 500 Палестинци загинаа во израелската офанзива во Појасот Газа

Од:

Бројот на загинати Палестинци во израелската офанзива во Појасот Газа денеска се искачи на 508 луѓе, изјавија палестински претставници.

Израелските медиуми утрово јавија дека две терористички групи влегле во јужен Израел во близина на еден кибуц низ тунел ископан под границата на северниот дел на Појасот Газа.

Израелските авиони отвориле оган врз првата група веднаш штом била забележана. Другата група која навлегла на територијата на Израел истрелала антитенковска ракета врз воено возило, а израелските сили возвратиле при што убиле десетина екстремисти. И на израелска страна има жртви, но не е соопштен нивниот број.

– Израелски тенкови утрово отворија оган врз домот на семејството Сијам во Рафа, при што загинаа десет луѓе, од кои четири деца, изјави портпаролот на палестинското Министерство за здравство Ашраф ал Кидра.

Судирите продолжуваат по вчерашниот најкрвав ден од почетокот на офанзивата и првата голема копнена битка во која загинаа 13 израелски војници, а ширум Газа загинаа повеќе од сто Палестинци.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно