Бројот на загинати од земјотресот на 6 февруари во Турција и Сирија надмина 50.000, откако Турција објави дека загинале повеќе од 44.000 луѓе, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), пренесе Ројтерс.
Како што е соопштено, бројот на жртвите од земјотресот во Турција ноќеска достигна 44.218, пренесува Танјуг. Со последните објавени податоци за бројот на загинатите во Сирија (5.914), вкупниот број на загинати во двете земји надмина 50.000, наведува британската агенција.