Над 45.000 луѓе годинава илегално го преминале Ла Манш

Од:

Повеќе од 45.000 мигранти пристигнале илегално на британска почва во 2022 година со брод преку Ла Манш, што е нов рекорд и покрај тековните напори на британските конзервативни влади да се справат со политички чувствителното прашање. Според пресметките на АФП и врз основа на податоците на Министерството за одбрана, 45.756 мигранти ја поминале опасната морска рута во 2022 година, една од најфреквентните во светот, наспроти 28.526 во 2021 година, што исто така беше рекордна година.

Мигрантите го минувале Ла Манш најмногу во лето, а рекорден ден бил 22 август, со 1.295 мигранти кои ја поминале таа рута за 24 часа. Премините продолжија и во зима, а во декември имало 1.745 пристигнувања.

Декември беше смртоносен месец бидејќи четворица мигранти загинаа на 14 декември кога нивниот гумен чамец потона. Според првите елементи на истрагата, животот го загубиле Авганистанци и Сенегалци, а бројот на жртви можел да биде поголем доколку случајно не се нашол рибарски брод во близина и спасел уште 39 мигранти.

Ноќта на 24 ноември 2021 година се удавија 27 мигранти на возраст меѓу седум и 46 години, исто така во несреќа со гумен брод.

Прашањето за илегалните пристигнувања од Франција преку каналот Ла Манш е исклучително чувствително за британските конзервативци кои уште од излегувањето на Велика Британија од Европската унија ветуваат „да ја преземат контролата над границите“, но и покрај различните планови, бројот на пристигнувања продолжува да расте од Брегзит до денес.

Во април, Лондон склучи договор со Руанда да ги депортира илегалните мигранти во африканската земја веднаш штом ќе пристигнат во Велика Британија пред властите да го разгледаат нивното барање за азил.

Тој договор, кој беше критикуван од ООН, Англиканската црква и бројни организации, привремено е надвор од сила во очекување на одлуката на Европскиот суд за човекови права, но владата сака да го започне откако Високиот суд во Лондон пред десет дена пресуди тоа да биде „легално“.

Годинава Лондон потпиша договори за соработка и со Франција за зајакнување на контролата и со Албанија, чии граѓани во 2022 година пристигнуваа во Британија во многу голем број.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Франција: Пет лица загинаа во ладните води на Ла Манш

Горан Наумовски

Тројца загинати откако во Ла Манш се преврте мал брод

А1он

Во тек е спасувачка акција во Ла Манш, се преврте мал брод

А1он

Илјада мигранти викендов го преминаа Каналот Ла Манш, спасени уште неколку стотици

Повеќе од 360 мигранти спасени во Ла Манш

Ана Ололовска

Патници со часови останале заробени во тунелот под Ла Манш, откако се расипал возот