Бројот на луѓето принудени да ги напуштат своите домови по земјотресот во Индонезија во средата, се зголемил значително и достигна бројка од над 43.000 лица, пренесе ДПА, повикувајќи се на претставник на властите.
Претходните податоци беа за 22.000 луѓе.
Над 11.600 живеалишта се оштетени при потресот со јачина од 6,5 во провинцијата Ачех, во северниот дел на островот Суматра.
Најмалку 101 лица загинаа, а повеќе од 800 беа повредени.
Индонезија се наоѓа во Пацифичкиот огнен прстен – силно сеизмички и вулкански регион.