Над 400 имигранти спасени крај брегот на Сицилија

Од:

Над 400 имигранти беа спасени во четири спасувачки операции крај брегот на Сицилија, јави ДПА.

Трговски брод пресретнал околу 80 луѓе во гумен чамец во либиски територијални води. Тие биле одведени во Поцало во Сицилија.

Околу 250 Еритрејци биле спасени од крајбрежна стража јужно од Малта и Лампедуза. Во истиот реон во петокот потона брод со имигранти при што се удавија 40 луѓе.

Крајбрежната стража спасила и други 80 луѓе кои патувале кон Лампедуза. Граничната полиција открила шест лица од Тунис во мал чамец на околу 35 морски милји од градот Марсала на Сицилија.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ

Сопругот на италијанската европратеничка е пронајден мртов во автомобилот

Предраг Петровиќ

Драма во Палермо: Tатко ги избодел сопругата и двете деца, а потоа се забарикадирал во куќата

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани