Варшава: Над 240.000 демонстранти против антиевропската политика на конзервативната Влада

Од:

Над 240.000 лица денеска учествуваа во протестот во центарот на Варшава за зачувување на местото на Полска во Европа, кое според нив е доведено под прашање со политиката на конзервативната Влада, информира канцеларијата на градоначалникот на полската престолнина, цитирана од француските медиуми.

Ова е еден од најголемите демонстративни настани во Полска по падот на комунизмот, во 1989 година.

Протестот се организира под мотото „Ние сме и ќе останеме во Европа”, а беше организиран само неколку дена по одбележувањето на 12-годишнината од приклучувањето на Полска кон ЕУ, забележаа американските медиуми.

Иницијатори на протестот се опозициската партија Граѓанска платформа и граѓанската организација Комитет за заштита на демократијата, попозната во Полска како КОД.

КОД беше формирана во ноември, непосредно откако партијата Право и правда ја презеде власта во земјата и презеде чекори кои доведоа до намалување на надлежностите на Уставниот суд. Овие чекори беа искритикувани од ЕУ и Советот на Европа, но и од организацијата за заштита на правата на човекот, според која Владата во Варшава го поткопува владеењето на правото со централизација на власта.

Малку пред тоа во Варшава имаше контрапротест на националистите и католиците за поддршка на партијата Право и правда, но тој беше доста помалуброен.

Двата настана се совпаднаа со традициналната „парада Шуман“, организирана по повод „Денот на Европа“.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад