Над 20 убиени при напад врз база на ОН во Јужен Судан

Од:

Повеќе од 20 лица загинаа, а околу 70 други се ранети кога група вооружени мажи извршиле напад врз база на ОН во градот Бор во Јужен Судан.

Како што соопшти денеска претставник на ОН, напаѓачите се претставиле како демонстранти кои сакаат да одржат мирен протест, по што им било дозволено да влезат во базата. Откако влегле во базата, тие почнале да пукаат врз присутните, а употребиле и неколку рачни бомби.

Американскиот амбасадор во ОН, Саманта Пауер остро го осуди нападот оценувајќи го како „дрзок и нехуман“.

– Овој последен напад врз народот на Јужен Судан е и напад врз меѓународната заедница и претставува кршење на основните принципи за заштита на цивилите, нагласи Пауер, додфавајќи дека САД бараат откривање и санкционирање на сторителите на овој „страотен напад“.

Во базата на ОН во Бор се сместени околу 5.000 лица, кои биле принудени да ги напуштат своите домови поради граѓанската војна во земјата, што избувна во декември минатата година.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство