Над 20 илјади починати од Ковид-19 во Белгија

Од:

Повеќе од 20.000 лица починаа во Белгија како резултат на инфекција со коронавирус, што ја прави една од земјите со најголеми смртни случаи по глава на жител.

Белгија е земја која им дава значителна автономија на регионите и има девет министри за здравство.

Институтот за јавно здравје Скиенсано тврди дека 20.038 лица починале како резултат на инфекцијата во Белгија, пренесува Ројтерс. Белгија е втора земја во светот по бројот на починати, пропорционално на вкупното население, зад малата држава Сан Марино, според студијата на универзитетот Џон Хопкинс.

Белгиската влада воведе построги ограничувања во октомври за да се спречи порастот на бројот на заразени, вклучително и ноќен полициски час, задолжителна работа дома и затворање на барови и ресторани.

Владата во петокот соопшти дека нема да ги заостри ограничувањата засега, но ќе разговара за нив на следниот состанок на 22 јануари, кога треба да биде појасно како празниците и повторното отворање на училиштата влијаеја на бројот на случаи.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски