Бројот на загинати во земјотресите во Сирија и Турција надмина 20.000. Турција вечерва соопшти дека загинале 17.134 лица.
Во Сирија, во областа контролирана од режимот, досега бројот на загинати е 1.347. Околу 1.900 смртни случаи се регистрирани во областа под контрола на опозицијата. Досега во Сирија се регистрирани вкупно 3.317 смртни случаи.
Вкупно во двете земји 20.451.