Над 20.000 луѓе се собраа во Ереван по повикот на опозицискиот лидер Пашињан

Од:

Повеќе од 20.000 луѓе се собраа денеска во центарот на Ереван по повикот на опозицискиот лидер Никола Пешињан, кој ја обвинува владејачката Републиканска партија дека сака да го спречи неговиот избор за премиер.

Демонстрантите веат национални знамиња и скандираат „Пешињан премиер“ пред огромен екран, на кој директно се пренесуваат дебатите во Парламентот, каде вонредно се заседава поради избор на нов претседател на владата.

Досегашниот премиер и поранешен шеф на државата Серж Саркисјан поднесе оставка на 23 април по бурните протести против неговиот избор за претседател на владата на 17 април.

Гласањето во Парламентот се очекува да започне по четири до пет часа дебатирање.

Претходно, ерменскиот опозициски лидер Пашињан вети „политичко цунами“ доколку не биде избран за премиер.

– Сакам да ги предупредам господата од владејачката Републиканска партија да не ја толкуваат толерантноста на народот како слабост, бидејќи тоа може да доведе до вистинско политичко цунами, им порача Пашињан на пратениците, кој ги повика Ерменците да излезат на улица.

Ерменскиот опозициски блок вчера официјално го предложи Пашињан за нов премиер на земјата.

Пашињан и неговите приврзаници засега можат да сметаат на 47 гласови поддршка, шест помалку од потребното мнозинство за избор.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска