Над 1.300 мигранти спасени во Сицилијанскиот проток

Од:

Над 1.300 мигранти се спасени вчера во Сицилијанскиот проток, соопшти италијанската крајбрежна стража, јави ДПА.

Изминатите недели по затворањето на т.н. балканска маршрута преку Турција и Грција, Италија се претвори во главна влезна точка за мигрантите од Блискиот Исток, Азија и Африка, кои се обидуваат да стигнат преку Средоземното Море во Европа.

Вкупно 1.348 лица биле спасени во 11 одделни операции вчера со учество на италијанската крајбрежна стража, европската военопоморска мисија во Средоземното Море, невладината организација „Мос“ со седиште во Малта и приватен реморкер.

Околу 48 илјади мигранти пристигнале во Италија од почетокот на годината, според податоци на Меѓународната организација за миграција.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија