Националната гарда ќе и помага на полицијата на протестот во Вашингтон

Од:

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, одобри барање 100 војници на Националната гарда да се стават на располагање на полицијата, за да помогне во заштитата на Капитол доколку е потребно, пред планираниот собир за поддршка на обвинетите за учество во немирите на 6 јануари.

Портпаролот на Пентагон потврди дека ќе бидат ангажирани само војници од Вашингтон и оти ќе се користати откако ќе се искористат локалните, државните и федералните полициски единици.

– Војниците ќе бидат распоредени само на барање на полицијата со цел да помогнат во заштитата на зградите на американскиот Капитол и зградите на канцелариите на Конгресот на влезните места и да ги проверат ингеренциите на поединци кои бараат пристап до објектите, изјави портпарол на американската војска.

Полицијата во Вашингтон завчера соопшти дека побарала од Пентагон да обезбеди трупи на Националната гарда за да помогнат во заштитата на Капитол на 18 септември за време на закажаните протести, доколку е потребно

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски