На вработените во ЕП кои посетиле региони зафатени со Ковид-19 им било речено да се самоизолираат

Од:

На вработените во Европскиот парламент им било речено да останат дома ако патувале во италијанските области каде што е пријавено дека има луѓе заразени со новиот коронавирус, јави сајтот Политико, кој имал пристап до електронската пошта испратена до персоналот на ЕП.

Генералниот директор на персоналот на ЕП, Кристијан Кнудсен, им порача на вработените да останат дома во „самоизолација“ доколку патувале во Ломбардија, Пиемонт, Емилија-Ромања или Венето во текот на изминатите 14 дена, но и во Кина, Сингапур и Јужна Кореја.

Тој додаде дека вработените треба да најдат начин да работат од дома.

Персоналот се советува да мери температура двапати на ден, а доколку немаат симптоми по две недели, вработените треба да се вратат на работа откако ќе добијат одобрение од нивниот лекар.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска