На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на пленарната седница на Советот на министри на ОБСЕ во Малта ја истакна важноста да се продолжи со поддршката на принципите на таа организација и предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност. Блинкен потсети дека ОБСЕ е создаден пред 50 години за да ги зачува мирот и стабилноста во Европа.

Тој посочи дека, и покрај руските обиди да се меша во работата на ОБСЕ, организацијата продолжува да ја извршува својата основна мисија, вклучително и набљудување на изборите во повеќе од десет земји, и покрај големите предизвици, како што се руските обиди да влијае на изборите во Молдавија и Грузија, рече тој во соопштението на Стејт департментот.

Блинкен, исто така, ја осуди одлуката на грузиските власти да го прекинат процесот на пристапување во ЕУ, што според него потсетува на настаните од 2014 година.

Покрај тоа, тој изрази загриженост за насилството врз новинарите и демонстрантите во Грузија кои бараат поблиски врски со Европа, нагласувајќи ја важноста од зајакнување на граѓанското општество и слободата на медиумите во регионот, пренесува Танјуг.

Во својот говор Блинкен остро ја осуди војната во Украина, велејќи дека „проектот“ на рускиот претседател Владимир Путин – „бришење на Украина од мапата на светот“ – претставува сериозна закана за меѓународниот поредок.

Тој потсети на изјавите на Путин кои го негираат постоењето на украинската нација, нагласувајќи дека ова е прашање на суверенитетот на Украина и правото на нејзиниот народ да одлучува за својата иднина без мешање на Москва. Блинкен им се заблагодари на претставниците на ОБСЕ за нивната работа за зачувување на вредностите на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Холанѓанец во Русија е осуден на 3 години затвор – удрил полицаец

А1он

Лавров: Русија не е задоволна со примирје со Украина, потребни се обврзувачки договори

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Русија, едно лице загина, неколкумина се повредени

Горан Наумовски

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Експлозии во Харков: Има ранети, руската одбрана собори 59 украински беспилотни летала