На Шведска годишно и се потребни по 64.000 мигранти

Од:

На Шведска годишно и се потребни по 64.000 мигранти со цел да го спречи нарушувањето на економскиот раст, предизвикан од недостигот на стручна работна сила, соопшти шведскиот Завод за вработување.

Се наведува дека генералнот директор на Заводот Микаел Сјоберг во изјавата за државната телевизија „СВТ“ нагласил дека недостигот на стручна работна сила веќе следната година може значително да и наштети на Шведска.

Од Заводот наведуваат дека поради недоволниот број на работно способни лица во земјата, потребен е поголем број на странски работници.

– Стапката на наталитет во Шведска е многу ниска. Бројот на жители се намалува. Со цел да се продолжи растот, потребна е работа, а со самото тоа и поголема популација, истакна Јохан Бишан од Заводот за вработување.

– Недостигот на работна сила веќе влијае на јавниот сектор, а во текот на наредната година последиците од тоа ќе ги почувствуваат се повеќе компании, нагласи Бишман.

Според податоците на Заводот се поголем број на вработувања во земјата ги добиваат лица кои не се родени во Шведска.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти