На Ренци му се подготува партиски бунт поради неговите планови за реформи

Од:

Плановите за реформи на италијанскиот премиер Матео Ренци денеска претрпеа сериозен удар кога 13 сенатори од неговата левоцентристичка Демократска партија ја повлекоа својата поддршка за нив во знак на протест.

Триесет и деветгодишниот Ренци нема да има мнозинство во Сенатот за да го протурка својот план за реформи, без поддршката на овие 13 сенатори. Тоа ќе го направи исклучително тешко усвојувањето на неговите реформи.

Ренци планира да ги укине непосредните избори за членови на Сенатот, што ќе овозможи полесно усвојување на законите. Овој план Ренци го соопшти кога стапи на должноста во февруари. Неговиот планот денеска беше поддржан во комисијата за уставни прашања на Сенатот.

Претходно неделава Ренци од комисијата отстрани двајца опоненти на реформата од неговата Демократска партија. Тоа изроди протест во партиските редови и денеска како одговор на тоа 13 сенатори демократи најавија дека ќе го суспендираат своето членство во парламентарната група, обвинувајќи го Ренци за авторитарно тактизирање, кое е во спротивност со Уставот. Тие изјавија дека бараат отворена расправа со Ренци.

Сенаторите не кажаа дали дефинитивно ја напуштаат Демократската партија, па затоа нивните постапки беа примени повеќе како предупредување кон Ренци, отколку како непосредна закана за преживување на неговата Влада.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески