На референдумот во Холандија 61,1 отсто од гласачите се изјасниле против договорот ЕУ-Украина

Од:

Вкупно 61,1 процент од гласачите на вчерашниот референдум во Холандија се изјаснија против договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина, покажуваат првичните резултати по пребројувањето на гласовите во сите холандски општини.

Поддршка на договорот му дале 31,8 отсто од гласачите.

Избирачката активност на референдумот изнесувала 32,2 процента, со што е надмината границата од 30 отсто, која е неопходна за гласањето да биде валидно.

– Јасно е дека негативниот одговор победи со огромна разлика. Ако избирачката активност е над 30 отсто, тогаш големата предност на одговорот „НЕ“ значи дека не може да се пристапи кон ратификување на договорот, изјави холандскиот премиер Марк Руте.

Холандската Влада сега е пред голем предизвик дали да му предложи на Парламентот да го стави во сила договорот за асоцијација, без да ја почитува волјата на народот или да одбие да го ратификува, што сериозно ќе ги заостри односите меѓу Холандија и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп