На ОН ветени 1,7 милијарди долари за помош на земјите од Африка

Од:

Обединетите нации соопштија дека им биле ветени повеќе од 1,7 милијарди американски долари за финансирање на напорите за помош на Буркини Фасо, Мали и Нигер до крајот на 2020 и 2021 година, а шефот на Одделот за хуманитарни работи на ООН, Марк Лукук предупреди дека во регионот Сахел „претстои трагедија“, но посочи дека може да се спречи.

На виртуелна конференција за собирање помош, Лукук рече дека околу 13 милиони луѓе, од кои пет милиони се деца, имаат потреба од итна хуманитарна помош за да преживеат.

Тој рече дека повеќе од седум милиони луѓе гладуваат.

– Хуманитарните потреби во централниот дел на Сахел се поголеми отколку што некогаш биле, а стапката на пораст на потребите е навистина алармантна, рече Лукук на конференцијата организирана од ОН, ЕУ, Германија и Данска.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он