На Јужна Америка и се заканува епидемија на рак

Од:

Латинска Америка ќе се соочи со епидемија на рак доколку владите во државите од тој континент итно не направат нешто за унапредување на здравствениот систем и лекувањето сиромашни, беше предупредено на конференција на латиноамериканската група за соработка во онкологијата одржана во Сао Паоло.

Експерти предупредуваат дека во Латинска Америка на секои 22 пациента заболени од рак има 13 смртни случаи додека тој однос во САД е околу 13 спрема 37, а во Европа околу 13 спрема 30. Констатирано е дека главна причина за таквата состојба е тоа што голем број случаи на рак се откриваат во напредна фаза кога болеста е тешко да се излекува.

Предвидувањата се дека до 2030 година во Латинска Америка ќе бидат дијагностицирани 1,7 милиони случаи на рак годишно, а од болеста секоја година ќе умираат повеќе од милион луѓе.

Би можело да ве интересира

Се бара прогласување епидемија на Голема кашлица во Скопје, 18 случаи досега

Анита Петровска Рајковиќ

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Белгија се соочува со епидемија на детски бронхиолит

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска