Градоначалничката на Хонгконг, Кери Лам ги предупреди граѓаните дека на градот му се заканува нов, голем бран на ширење на коронавирусот и апелираше до сите да останат дома што е можно подолго.
Со новите регулативи се забранува собирање на повеќе од две лица, привремено се затвораат угостителски објекти, а носењето маски е задолжително и на отворено.
– Се наоѓаме на прагот на нов, голем бран на ширење на коронавирусот. За да ги заштитиме сите оние што ги сакаме, медицинскиот персонал и нашиот град Хонгконг, ги повикувам сите да се придржуваат кон задолжителните прописи за физичко растојание и да останат во своите домови што е можно подолго, рече Лам денеска.
Во последните 24 часа, во Хонгконг се регистрирани 106 нови случаи на коронавирус, од почетокот на пандемијата оваа инфекција е потврдена кај 2.880 лица, а починале 23 пациенти.