На ЕУ и недостасува одлучност

Од:

Надворешнополитичката сила на ЕУ непрестано се намалува, бидејќи и недостасува одлучност, оценија учесниците на денешната дискусија на тема „Постои ли европска надворешна политика во иднина“.

Дискусијата се одржа во организација на Европскиот совет за надворешни односи, во Виена.

Професорот од универзитетот Колумбија, Марк Лила укажа дека повлекувањето на австриските војници од мировната мисија во ОН е еден пример за недостаток на одлучност.

Поранешниот политичар од редовите во Турската владејачка АКП, Суат Киниклиоглу додаде дека Унијата во 2006 година беше најважна поттикнувачка сила за социјалните и општествените реформи во Турција, додавајќи дека тоа сега е минато.

Киниклиоглу истакна дека Турција, како држава членка очекуваше да се водат разговори како помеѓу два партнера.

-Но, се случи сосема неочекуваното. Денес ЕУ веќе нема интелектуален монопол над нас- нагласи тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје