Ден пред нередите во Конгресот, некој поставил бомби пред седиштата на Републиканската и Демократската партија

Од:

Американските власти соопштија дека две импровизирани експлозивни направи биле пронајдени пред седиштата на Републиканската и Демократската партија во Вашингтон, непосредно пред упадот на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп во Конгресот.

Според Федералното истражно биро (ФБИ), бомбите биле оставени еден ден претходно.

ФБИ соопшти дека истрагата открила нови информации, меѓу кои и тоа дека двете бомби биле поставени на 5 јануари вечерта, меѓу 19,30 и 20,30 часот, еден ден пред немирите во Вашингтон, во кои имаше пет жртви. Припадници на безбедносните сили ги пронашле бомбите дури следниот ден.

Засега не е јасно дали тоа значи дека бомбите не се поврзани со инцидентите на 6 јануари или намерно ги поставиле оние кои планирале бунт на денот кога Конгресот одлучуваше за верификување на победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори.

За дополнителни информации во врска со случајот, властите сега нудат зголемена награда од 100.000 долари.

Истражните органи повеќе недели се загрижени за евентуални нови напади во Вашингтон, откако Бајден ја презеде претседателската функција на 20 јануари.

Американското Министерство за безбедност во средата издаде итно предупредување за опасност од евентуален домашен тероризам, односно насилство од страна на противниците на администрацијата на Бајден.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност