Мужниекс: Продолжувањето на вонредна состојба во Франција е штетно

Од:

Советот на Европа уште еднаш, овој пат преку комесарот за човекови права Нилс Мужниекс, ја предупреди Франција дека продолжувањето на вонредна состојба е штетно, јави дописникот на МИА од Париз.

Предупредувањето до француската Влада е испратено јавно птеки текст на Мужниекс во парискиот весник „Ле Монд“.

Како и во претходните предупредувања, Мужниекс смета дека со мерките на вонредна состоба, како најзагрижувачки се административните претреси и мерките домашен притвор, изречени директно од државната администрација, без судска одлука, мерки од кои добар дел се за лица кои немаат врска со тероризмот.

– Иако бројките кои беа доставени од француските власти зборуваат за намалување на бројот на овие мерки, сепак загриженоста останува за нивната легитимност и за нивната пропорционалност, вели Мужниекс.

Тој е посебно загрижен поради прекумерната употреба на сила од страна на полицијата, посебно при нејзините брутални интервенции базирани врз нецелосни или неточни информации, кои предизвикуваат големо морално страдање и материјални штети, кај лица кои немаат никаква врска со тероризмот. Мужниекс нагласува дека лицата кои се жртви на овие мерки, немаат каде да се жалат, иако теоретски е можно да се добијат отштета.

Комесарот за човеови права посебно го нагласува и фактот што голем број од овие мерки беа спроведени врз лица со муслманска вероисповест, што го зголемува ризикот од „стигматизација и маргинализација“ што само може да ја да доведе до опасност општествената кохезија.

Вонредната состојба во Франција беше воведена веднаш по атентатите во Париз на 13 ноември, а потврдена потоа и од страна на Парламентот. Според најавите на Владата, вонредната состојба наскоро ќе биде продолжена за уште три месеци.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд во писмото испратено до претседателот на Франција, Франсоа Оланд, минатата недела посочи на ризиците кои можат да проилезат од надлежностите што им се препуштени на извршните власти за време на вонредната состојба, посебно во делот на административните претреси и мерките на домашен притвор.
На 24 ноември, пред вонредната состојба да биде продолжена првпат, Франција испрати писмо до Советот на Европа за да го предупреди дека се подготвува да се изземе од обврските кои призлегуваат од Европската конвенција за човекови права.

Јагланд е исто така загрижен и за уставните реформи кои ги подготвува Франција, посебно „одредбите за користењето на огнено оружје од силите на редот и ограничувањата на слободата за движење“.

Советот на Европа притоа вели дека е „подготвен да и пружи помош“ на Франција, ако францускиот претседател смета дека тоа е „корисно“, со цел најавените реформи да бидат во согласност со европските норми во областа на човековите права.

Во таа насока, минатата недела Парламентарното Собрание на Советот на Европа ја замоли Венецијанската комисија да изработи мислење за компатибилноста на францускиот уставен закон, со кој во францускиот Устав се предвидува венсување на одредби, кои се однесуваат на вонредната состојба и одземање на државјанството, со одредбите на Европската конвенција за човекови права и нормите на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили