Муижниекс: Политиката кон бегалците и ситуацијата со слободата на медиуми се главни проблеми со човековите права во Европа

Од:

Политиката кон бегалците и ситуацијата со слободата на медиумите се главен проблем со човековите права во Европа, оценува комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс.

Тој истакна дека бегалците често се изложени на најлоши прекршувања на човековите права во неговото обраќање до Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Според него, бегалците се жртви на трговија со луѓе, модерни форми на ропство и злоупотреба и истакна дека не се почотуваат правото на азил и слобода и безбедност.

Муижниекс посочи дека европските земји сакаат бегалците да се движат надвор од Европа, игнорирајќи ги последиците по човековите права.

– Не можеме да го запреме бранот, но ние можеме да управуваме со него, објасни Муижниекс, додавајќи дека е неопходно да се создадат безбедни и легални места за пристигнување на бегалците.

Тој истакна дека новинарите откриваат кршење на човековите права и дека без нив нема да има ни информирани граѓани кои учествуваат во јавна дебата.

Според поранешниот летонски министер за интеграција, новинарите во некои европски земји се изложени на закани и напади, како од полицијата така и од политички групи.

– Врз основа на законот за клевета во различни земји, истражувачкото новинарство е попречено, бидејќи новинарите со своите откритија се грижат за личните последици, наведува Муижниекс.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски