Мразот на Антарктикот ги открива ефектите на глобалното затоплување

Од:

Научниците ја изработија првата тродимензионална карта на областа под мразот во морето околу Антарктикот, што ќе им овозможи подобро разбирање на влијанието на климатските промени врз овој континент под мраз.

Тим научници од осум земји ја исрцта со помош на подморница робот мапата на смрзнатиот свет на планини и долини, со помош на којашто ќе може точно да се пресмета дебелените на мразот околу Антарктикот.

Комбинирајќи ги овие податоци со податоците добиени со снимање од воздух, научниците сега точно можат да ги пресметаат промените во дебелината на мразот и подобро да ги разберат ефектите од глобалното затоплување.

„Дебелината на покривката од мраз климатолозите ја сметаат за своевиден свет грал во откривањето на промените во системот. Доколку ги одредиме промените во дебелината на слојот мраз, ќе можеме да ги процениме и размерите на промените коишто му се припишуваат на глобалното затоплување”, изјави поморскиот геолог Јан Лејсер.

Податоците за дебелината на мразот на Арктикот експертите ги класифицираат уште од 1950 година, меѓутоа таквите податоци досега не беа познати за мразот околу замрзнатито најјужен континент на планетата.

Лејсер кој пловел со австралиски мразокршач во водите на Антарктикот како дел од проектот за истражување на физиката на морскиот мраз и екосистемот, предводел тим од научници од Австралија, Белгија, Канада, Франција, Германија, Јапонија , Нов Зеланд и САД. Роботизираната подморница што ја користеле во истражувањето пловела на длабочина од 20 метри под мразот и ја исцртувала шемата од мрежи, со користење на мултизрачен хидролокатор (сонар) за мерење на долната страна на мразот.

Лејсер вели дека промените во дебелината на морскиот мраз влијае врз формирањето на студената солена вода на дното околу Антарктикот којашто има влијание врз глобалните светски океански струења и од клучно значење за животот во морињата, фитопланктонот и заедницата на китови.

„Сега всушност може да добиеме целосна 3Д слика од она што е измерено. Тоа никогаш не е направено претходно и навистина е многу возбудливо”, вели Лејсер.

Слични експерименти и истражувања беа спроведени во 2007 година, кога со снимање од воздух беа направени дводимензионални мапи коишто се помалку точни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Боинг 787 слета на ледена писта на Антарктикот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Краци покриени со пердуви и канџи: Откриено необично суштество во длабочините на океанот

Предраг Петровиќ

Спас од лажни вести преку новата апликација на GRID

Ана Ололовска

Во Антартикот се измерени рекордно најтопли температури

А1он

Бројот на белите мечки во Арктикот во пораст

Ана Ололовска

Не биди роб на социјалните медиуми, земи ја контролата во свои раце

Наум Локоски