Можната казна за Берлускони ја разниша италијанската Влада

Од:

Партијата Народ на слободата (ПДЛ) на поранешниот италијански Силвио Берлускони денеска ја бојкотираше средбата на лидерите на владејачката коалиција и ја блокира работата на Парламентот во очекување на одлуката на Врховниот суд на Италија, кој би можел да му забрани на нејзиниот лидер да извршува јавни функции.

ПДЛ е еден од двата основни партнери на левоцентристичката коалициска Влада на премиерот Енрико Лета.

Врховниот суд денеска за 30 јули закажа сослушување по последната жалба на Берлускони по пресудата за даночна измама. Судот ќе се произнесе дали ја потврдува пресудата за Берлускони од четири години затвор и пет години забрана за извршување на јавни функвции поради соучесништво во даночната измама во неговата медиумската империја „Медиасет“.

Пресудата ја продлабочи кризата во италијанската Влада, која трпи критики и поради бавното темпо на имплементирање на реформите за заздравување на економијата.

Ако Врховниот суд ја потврди пресудата, 76-годишниот Берлускони најверојатно ќе ја избегне затворската казна поради возраста, но ќе биде отстранет од Парламентот, што ќе биде удар врз Владата на Лета.

Италијанскиот премиер синоќа изјави дека Владата „ќе преживее“ што и да се случи, но се претпоставува дека приврзаниците на Народот на слободата ќе се обидат да предизвикаат предвремени избори во октомври, ако Берлускони биде осуден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески