Можат ли технолошките компании да го запрат ИСИЛ?

Од:

Замислете го паралелниот универзум од филмот The Imitation Game, најнов холивудски филм за Втората светска војна и славниот криптограф Алан Туринг. Во оваа верзија на филмот воениот комплекс на Адолф Хитлер се откажал од својата комплицирана машина Енигма во корист на телеграфот, безжичното радио, па дури и весниците.

Замислете нацистите да го спровеле својот блицкрег користејќи ги овие јавни медиуми, наместо тајните пораки кои биле типични за воените институции во тоа време, па и денес.

Како чудно би било ако сојузниците на разузнувачите агенции ненадејно ги обвиниле современите сопственици на весници, радиостаници и телеграфски оператори за делување како избраната мрежа на командата и контролата за нацистичка Германија.

Вака гласеше аргументот кој Роберт Ханиган, новоименуван претседател на Британскиот државен комуникациски штаб (GCHQ), го изнесе во својата прва недела на позицијата претседател на тајната агенција за контрола.

Тој тврди дека групата Исламски држави Ирак и Левант (ИСИЛ), сега само „Исламска држава“ користи Твитер, Фејсбук и ВотсАп, како координирана мрежа или методи за ширење на пропаганда. Ја обвини Силиконската долина дека ја порекнува злоупотребата на овие медиуми. Побара поголема соработка од овие компании, наведувајќи дека тие не биле подготвени да соработуваат.

Проблем на пропагандата

Суштината на реториката на Ханиган е дека GCHQ повеќе би сакал кога ИСИЛ би користел медиуми кои немаат уреди на Западот; сервери кои не се толку лесно достапни на нивните шпиони. Тој лежерно го преувеличува проблемот на пропагандата, предупредувајќи дека ИСИЛ објавува 40.000 твитови дневно, притоа занемарувајќи да го напомене фактот дека Твитер објавува половина милијарда твитови во истиот временски период.

Наместо тоа, Ханиган сака ИСИЛ да комуницира на други начини, методи кои во целост би биле непровидни за неговите разузнувачки агенции. Во земјата во која постојат многу малку западни разузнувачи, можеби треба да комуницираат преку писма. Или со помош на гулаб писмоносец.

Реално состојбата е целосно поинаква.

Освен овој бизарен приговор за тоа дека е многу лесно да се најдат овие луѓе, Ханиган имаше уште една забелешка, а тоа е дека Силиконската долина не работи доволно за да помогне на разузнувачките агенции да ги најдат негативците.

Запознати сме со фактот дека старите технолошки компании како Водафон, Бритиш Телеком и Веризон веќе овозможија на GCHQ пристап до оптички кабли низ кои поминува голем дел од интернетската мрежа под Атлантскиот океан, што е исто како секојдневно 129 пати да ги снимаат сите информации кои можат да се најдат во сите книги во Британската библиотека. GCHQ исто така има пристап до сите информации кои Државната безбедносна агенција НСА ги собира од Силиконската долина и тоа сите без налози.

На Твитер, Фејсбук, ЈуТјуб и ВотсАпп како на јавни компании, не им е во интерес да станат центри за команда и контрола за терористите, или да овозможат поставување на ужасни содржини. Благодарение на Сноуден, се зголеми свеста за проблемот на приватноста и како што технолошкиот блог The Register наведува, продажбата на уредите и услугите во облак стрмоглаво ќе се намали ако се прошири веста дека американските технолошки гиганти учевствуваат во масовно надгледување.

Мерки за шифрирање

И навистина, откритијата на Сноуден ги натера технолошките гиганти од Силиконската долина да имплементираат целосни мерки за шифрирање за да ги убедат своите корисници дека нивните нај интимни информации не се изложени на шпионирање без никаква причина. Натписот на Ханиган во магазинот Фајненшел Тајмс е транспарентен и тактички одговор на овие активности. Но, наспроти овие пазарни ризици, доказите упатуваат на тоа дека Силиконската долина секако соработува со разузнувачките агенции, поради што е многу веројатно дека мислењето на Ханиган ќе биде означено како чиста фантазија.

На пример, Твитер ја отстрани рекордната количина на објави од јануари до јуни 2014 година, што и јасно го наведоа во својот извештај за транспаретноста. Другите технолошки компании покренаа слични мерки. Твитер дури отстрани голем број на кориснички сметки кои не одговарале на државните барања, што значи дека ги пронашле терористите кои поставувале твитови и ги избришале нивните кориснички сметки.

Организацијата за Меѓународна приватност ПИ, со право предупредува дека постои голем број на службени и доброволни програми, кои овозможуваат на разузнувачите да пристапат до податоците кога тоа ќе биде потребно.

Најновиот документ кој го објави интернет магазинот The Intercept покажува дека некои неименувани американски компании знаеле за програмите за надгледување. Понатамошните докази упатуваат на тоа дека се уплатени пари на Силиконската долина за да се покријат трошоците за исполнување на барањата за надгледување на НСА.

Тоа можеби е обид да се ослободат од вината, но според зборовите на најдобриот адвокат на НСА Рајесха Деа, големите технолошки компании пружиле целосна помош во законски пропишаното собирање на податоци.

Како што неодамна извести Ал Џезира, извршниот директор на Гугл Ерик Шмид, испратил меил на претседателот на НСА, во кој се извинил што не можел да дојде на состанок. Во писмото стоело: Генерале Кеит, толку ми е мило да ве видам… Но, јас веројатно нема да бидам во Калифорнија таа недела, ќе бидам на Источниот брег и ми е жал што нема да можам да присуствувам на состанокот. Би сакал да ве видам некој друг пат. Ви благодарам!

Тонот на овој меил не оддава некооперативен однос.

Ритуал на кршење на законот

Обвинувањето на Силиконската долина е обид на Ханиган да го исчисти угледот на својата агенција поради кршењето на законот од 2001 година. Ја искористил приликата на кризата настаната поради ИСИл да го промени јавното мислење, да ги поништи откритијата на Сноуден и неделата на неговата агенција. Неговата изјава следеше веднаш откако директорот на ФБИ Џејмс Комеј даде речиси идентична изјава во САД, повикувајќи, како што повика и Ханиган, на поголема соработка на технолошките компании.

Пишуваше за магазинот Фајненшел Тајмс кој има постара публика која е помалку упатена во опсесијата на новите генерации на социјалните медиуми, за полесно да ја претстави сликата според која новите технологии се зло, а не ИСИЛ, или пак GCHQ или НСА.

Постојат два збора кои GCHQ и НСА, кои не се покајаа, треба добро да ги запамтат, пред да почнат да се жалат за недостиг на соработка на технолошките компании. Набавете налог.

Веќе постои соодветен систем на информации, без оглед на тоа колку компании во меѓувреме соработуваат. На многу начини имаме среќа што ISIL ги користи услугите на западните компании за комуникација и ширење на пропаганда.

Така Ханиган не треба да го критикува односот меѓу разузнувачките агенции и тие компании – закон, судија и налог можат да ви дадат се што ви треба.

Ал Џезира – Доха

 

Би можело да ве интересира

Заврши драмата во рускиот затвор, објавија Русите: „Сите ги ликвидиравме“

Предраг Петровиќ

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

ИСИЛ ја презеде одговорноста за нападот на концертната сала во Москва

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Во операција на специјалните сили во Турција уапсени 189 припадници на ИСИЛ

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска