Околу 10,5 милиони деца работат во домаќинства низ целиот свет во услови на ропствто, се проценува во најновиот извештај на Меѓународната организација на трудот (МОТ) по повод Светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд.
Во извештајот се наведува дека голем број деца работат во услови кои се опасни и многу често се граничат со ропство. Ваквата работа вообичаено е тајна и треба да биде регулирана со нови меѓународни прописи. Во извештајот, исто така, се наведува дека многу често децата што работат се изложени на физичко и сексуално насилство.
Мнозинството деца работници се под 14 годишна возраст, а над 71 процент од нив се девојчиња. Многу често тие се исклучени од образовниот систем.
– Децата работат, но не се сметаат за работници. Иако живеат во семејства, кон нив не се однесуваат како кон членови на семејството. Потребен е силна правна рамка за негово јасно препознавање, спречување и елиминирање на детскиот труд во домаќинствата, како и да овозможи пристојни работни услови за адолесцентите кои легално можат да работат, изјави Констанц Томас од МОТ, пренесува Би-Би-Си.