Москва: Западот е свесен дека е можен колапс на украинската армија

Од:

Западот го забележаа падот на способноста на Украина да и се спротивстави на руската армија и не ја исклучуваа можноста одбраната на украинските сили наскоро да пропадне, објави Надворешно разузнавачката служба на Русија (СВР).

„Врз основа на информациите со кои располага СВР, западните политички елити се загрижени поради опаѓањето на способноста на украинската армија да се спротивстави на притисокот на руските вооружени сили. Не е исклучен ниту претстојниот колапс на одбраната на украинската армија. Администрацијата на Џозеф Бајден во заминување се обидува да спречи такво сценарио, а акцентот е ставен на помодерни испораки оружје, вклучително и ракетни системи со долг дострел“, велат од СВР.

Се наведува и дека одлуката за намалување на старосната граница за мобилизација во Украина е подготвена и наскоро ќе биде усвоена.

„Неодамна Вашингтон побара од „претседателот“ Владимир Зеленски итно да ја намали границата за мобилизација на 18 години. Одлуката е веќе подготвена и наскоро ќе биде усвоена“, посочуваат од прес-службата на СВР.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Данска ќе испрати војници на обука во Украина