Москва: Во Сирија престојуваат руски воени експерти

Од:

Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека во Сирија престојуваат руски воени есперти, што претставува прва официјална потврда од страна на Москва дека руски воени лице се наоѓаат на сириска територија.

Според портпаролката на Министерството, Марија Захарова, руските експерти помагаат при испораката на оружјето во Сирија, кое, според Москва, има за цел да им помогне на сириските владини сили во борбата против тероризамот.

Ваквото признание од Москва доаѓа во време на се почести шпекулации дека Русија би можела да го засили своето воено присуство во Сирија.

На признанието на Москва, реагираа САД и НАТО, кои изразија загриженост поради присуството на руски воени експерти во Сирија.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија