Москва упати протестна нота до Холандија, го шпионирала рускиот воен претставник во Хаг

Од:

Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека го повикале холандскиот вршител на должноста амбасадор во Москва, за да му врачи протестна нота поради тоа што бил шпиониран рускиот воен аташе во Холандија.

„Русија силно протестираше пред холандскиот дипломат поради откривањето опрема за шпионажа во службениот автомобил на рускиот воен аташе во Холандија“, се наведува во соопштението на руското МНР.

Министерството оцени дека таквото непријателско дејствување дополнително ги компликува и онака тешките односи меѓу двете земји.

Москва уште побара носење опсежни мерки заради спречување на вакви инциденти во иднина.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов