Москва се надева дека Вашингтон е сериозен околу најавите за дијалог

Од:

Официјална Москва се надева дека на утрешниот состанок со американски претставници во Женева ќе утврди колку е „сериозен“ Вашингтон во желбата за дијалог, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека руската страна на состанокот треба да утврди „колку американската страна е сериозна во желбата за енергичен и фокусиран дијалог за стратешка стабилност“. Дијалогот за стратешка стабилност е воспоставен за време на самитот на претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, на состанокот на 16 јуни во Женева. Дијалогот има за цел да ги стабилизира тензичните односи меѓу Русија и САД.

Средба меѓу руската и американската делегација е закажана за утре во Женева и ќе се одржи зад затворени врати.

– Целта на состанокот е да се започне процесот, темелно да се анализираат точките на несогласувањата и да се направи обид за наоѓање области за заедничка работа, истакна Рјабков, додавајќи дека „големо прашање“ е дали дијалогот ќе влијае на унапредување на билатералните односи.

Тој изјави дека нема големи очекувања, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков смета дека подобрувањето на односите е „многу сложен процес“, но го поздравува фактот што контактот е остварен.

Стејт департментот соопшти дека делегацијата ќе ја предводи американската заменичка на државниот секретар, Венди Шерман. Руската делегација ќе ја предводи Рјабков.

Би можело да ве интересира

Лавров: Тензиите меѓу Русија и САД се далеку од слични на оние од кубанската ракетна криза

Руски ловци избркале американски авион над Црното Море, тврди Москва

Жарко Настоски

Сега знаеме „на што сме“ со Русија, вели американскиот советник за национална безбедност Саливен

Жарко Настоски

Рускиот амбасадор се враќа во Америка идната недела, најави Захарова

Жарко Настоски

Во САД бараат Бајден „да им покаже заби“ на Русите, а не да се среќава со Путин

Жарко Настоски

Русите сега велат: Размената на затвореници не е соодветна тема пред средбата Путин-Бајден

Жарко Настоски