Русите сега велат: Размената на затвореници не е соодветна тема пред средбата Путин-Бајден

Од:

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска оцени дека „темата за размена на затвореници е несоодветна пред самитот Путин-Бајден“.

– Во овој момент е сосема е несоодветно да се зборува за затвореници кои би можеле да бидат разменети меѓу САД и Русија, предупреди портпаролот на Кремљ на денешната прес-конференција, само неколку дена откако самиот Путин во интервју рече дека Русија е подготвена за таква размена.

Песков, исто така, потсети дека рускиот претседател еднаш веќе јавно кажа дека е отворен за разговори и на оваа тема, но дека деталите за тоа мора да бидат утврдени во директен разговор со претседателот на САД, Џозеф Бајден, пренесе Си-Ен-Ен.

Прашањето за размена на затвореници е на врвот на агендата на утрешниот самит Путин-Бајден во Женева, а двете страни најавија дека сакаат нивните граѓани да се вратат.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија