Москва: Распоредувањето на американски ракетни системи во Јапонија претставува закана за руските граници

Од:

Распоредувањето на американските ракетни системи „Тајфун“ на територијата на Јапонија претставува директна закана за далечните источни граници на Русија, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко.

Тој рече дека Русија „внимателно ги следи напорите на јапонската страна за проширување на воената активност“, објавува порталот Sputnik.rs.

– Веруваме дека отстапувањето на територијата на Токио за распоредување на американски ракетни системи со среден и краток дострел, без оглед дали станува збор за привремено, ротационо или трајно распоредување, е чекор што сериозно ја поткопува стабилноста и безбедноста на Азиско-пацифичкиот регион и создава директна закана за далечните источни граници на Русија, нагласи Руденко.

Тој потсети дека Москва постојано, во рамките на дипломатските канали, ја предупредува јапонската страна за последиците од ваквите деструктивни одлуки и предупреди дека ваквите потези нема да поминат без соодветни контрамерки, пренесува Танјуг.

„Во исто време, ја зајакнуваме координацијата со кинеските партнери за прашањата за зачувување на мирот во Азиско-пацифичкиот регион“, нагласи Руденко.

Би можело да ве интересира

Британскиот премиер ја потврди вмешаноста на Русија во Брегзит

Трамп воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

Зеленски: Украина подготвува одговор на новата руска ескалација

ВИДЕО: Русите со дрон го погодија Северниот мост во Киев

Предраг Петровиќ

Русија лежи на богатство: Откриено колку вреди она што е закопано под арктичкиот мраз