Опозицијата бара оставка од Путин

Од:

Оставка од рускиот претседател, побараа денеска учесниците на протестот „Марш на милионите“.

На протестот на кој учествуваа повеќе од 100 илјади луѓе од цела Русија, е усвоен манифест „Слободна Русија“. Полицијата пак изброја одвај 500 протестанти.

Побарано е и носење на нова изборна регулатива, со која би се ограничиле надлежностите на претседателот на државата и бројот на неговите мандати.

Опозицијата најави дека наредната недела ќе се договори кога и како ќе се обедини опозицијата.

„Жестоките дискусии се нормални во една слободна демократска земја, но се што и штети на државата и го дели општеството е неприфатливо“, го оцени протестот, претседателот Владимир Путин.

 

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина