Москва подготвена да разговара за посета на Путин на САД

Од:

Москва е подготвена да ја разгледа можноста претседателот на Русија, Владимир Путин да ги посети САД, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.

Тој истакна дека Русија „секогаш е отворена за такви предлози“.

– Подготвени сме за дискусија на оваа тема, наведе Антонов.

Тој додаде дека Кремљ официјално ќе одговори на поканата на Трамп.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сендерс синоќа изјави дека се работи на организирање на посета на Путин на САД во текот на есента.

Според Сендерс, Трамп го задолжил својот советник за национална безбедност Џон Болтон да ја организира посетата на Путин.

Најавата доаѓа по самитот на Трамп и Путин што се одржа во Хелсинки.

Еден од водечките демократски сенатори Чак Шумер реагираше на најавата барајќи да не се организираат повеќе средби меѓу Трамп и Путин.

Демократската партија и медиумите блиски до неа жестоко го критикуваа Трамп за Самитот во Хелсинки, велејќи дека бил премногу попустлив кон Путин, и обвинувајќи го за поврзаност со руското мешање во американските претседателски избори.

Поради овој притисок, Трамп беше принуден јавно да ја измени својата изјава од Хелсинки и да каже дека Русија се мешала во изборите во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија