Москва почна масовна вакцинација со Спутник V

Од:

Москва денеска почна да ја употребува вакцината Спутник V против Ковид-19 во 70 клиники, што е прва масовна вакцинација во Русија против коронавирусот, соопшти градската работна група за Ковид-19.

Соопштено е дека руската вакцина прво ќе биде достапна за докторите и другите медицински работници, наставниците и социјалните работници, бидејќи тие се изложени на најголема опасност од болеста.

Москва, која е жариште на коронавирусот во Русија, во изминатите 24 часа регистрираше 7.993 нови случаи на заразени.

– Во текот на првите пет часа се пријавија 5.000 луѓе за вакцинација – наставници, доктори, социјални работници, оние кои денес најмногу ги ризикуваат своето здравје и животи, истакна вчера градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Возраста на оние кои примаат вакцина е ограничена на 60 години. На луѓето со хронични болести, бремените жени и оние кои имале респираторна инфекција во последните две недели им е забрането вакцинирање.

Вакцината Спутник V се дава двапати, односно втората доза се прима 21 ден по првата.

Русија разви две вакцини против Ковид-19: Спутник V, зад која стои Рускиот фонд за директни вложувања, и втората која е развиена од Институтот Вектор во Сибир.

Би можело да ве интересира

Во Русија првпат повеќе 100.000 заболени со ковид во еден ден

Путин се надева оти Русија ќе вакцинира доволно луѓе за да постигне колективен имунитет на Ковид-19 следната година

Руски политичар примил шест дози ковид вакцини

Од 30 октомври Санкт Петербург се затвора на седум денови

Во Русија над 1000 починати во еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата

Путин: Десетици луѓе околу мене се болни од Ковид-19

Катерина Ѓуровски