Руската авиокомпанија Аерофлот отпушта пилоти кои одбиваат да се вакцинираат

Од:

Руската авиокомпанија „Аерофлот“ отпушти шестмина пилоти во различни периоди и ги испрати на неплатено отсуство, бидејќи одбија да се вакцинираат против коронавирус, изјави за РБК Максим Демин, портпарол на авиокомпанијата.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека авиокомпанијата вработува 2.300 пилоти.

Претходно, претседателот на Синдикатот на авио персоналот на „Шереметјево, Игор Делдужов упати апел до шефот на авиокомпанијата Михаил Полубојаринов да ги отповика наредбите за отпуштање на пилотите. Според него, 84 отсто од вработените во „Аерофлот“ се вакцинирани против коронавирус.

„Аерофлот“ заедно со Синдикатот работат на зголемување на платите на летачкиот екипаж.

Компанијата вети дека ќе ги зголеми платите на стјуардесите, а исто така бара решенија за зголемување на платите на пилотите.

Би можело да ве интересира

Во Русија првпат повеќе 100.000 заболени со ковид во еден ден

Путин се надева оти Русија ќе вакцинира доволно луѓе за да постигне колективен имунитет на Ковид-19 следната година

Руски политичар примил шест дози ковид вакцини

Од 30 октомври Санкт Петербург се затвора на седум денови

Во Русија над 1000 починати во еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата

Путин: Десетици луѓе околу мене се болни од Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска