Москва „плови“ кон Сирија

Од:

Иако два воени руски бродови пловат кон брегот на Сирија, во случај да дојде до американски авионапад на оваа држава, Москва нема намера да се меша во конфликтот.

Сирија не спаѓа во најблиските сојузници поради кои што Русија би влегла во војна. -Сирија не треба да се надева на помош од Русија, доколку Америка и нејзините сојузници ја нападнат. Русија нема да го направи тоа што го стори поранешниот претседател Дмитриј Медведев за време на судирот во Либија, истакна уредникот на „Русија во глобалната политика“, Фјодот Лукјанов.

Директорот на Институтот за стратешка анализа, Андреј Фурсов, вели дека сосема е реално да дојде до воена операција, но не се во право оние кои што тврдат дека на овој начин ќе започне третата светска војна, и додаде дека министерот Лавров предвреме го убедил светот дека Русија со никого нема намера да војува доколку дојде до воена акција во Сирија.

Лукјанов смета дека САД ќе извршат напад врз Сирија и дека пропагандната американска машинерија веќе дејствува во тој правец. Целта на САД е да се нанесе што поголема штета на сириската инфраструктура и да ја демолира војската, како би им помогнале на бунтовниците.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија