Морси повика на национален дијалог

Од:

Египетскиот национален совет за безбедност, на чие чело е претседателот Мохамед Морси, денеска ги осуди уличните насилства и повика на национален дијалог со цел решавање на политичките разлики.

Министерот за информации, Салех Абдел Махсуд, по состанокот изјави дека Советот може да разгледа прогласување вонредна состојба или полициски час во области каде е неопходно.

Во судирите во египетскиот град Порт Саид, кои почнаа откако суд изрече смртна казна за 21 лице, денеска загинаа 30 лица и над 300 се повредени.

Немирите беа предизвикани од жители на градот што се незадоволни од судските смртни казни за одговорните во насилствата на фудбалски натпревар лани, кога загинаа 74 луѓе.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски