Морси попушти, го менува декретот

Од:

Египетскиот претседател Мохамед Морси побара да се промени неговата одлука, што му даваше поголеми овластувања, а што беше причина за протести ширум Египет.

Морси задолжи шест лица на денешниот состанок да “ја променат уставната декларација”, изјави премиерот Хишам Кандил.

Групата експерти ја сочинуваат правници и политичари. “Тие се собраа за да состават нов текст кој ќе биде завршен доцна вечерва или утре”, додаде Кандил.

Декретот, кој го издаде Морси на 22 ноември, предизвика бран на протести во земјата кои оваа недела прераснаа во судири на поддржувачите и противниците на Морси во Каиро, со биланс од седум мртви и повеќе од 600 повредени.

Изјавата на премиерот дојде по изјавата на главната опозициска коалиција, Фронт за национален спас, дека ќе продолжат со протестите против Морси.

“Расположението на египетскиот народ е повеќе ориентирано кон генерален штрајк”, изјави претставник на опозицијата Мохамед Абу ал Гар.

Египетската армија порача претходно денеска дека политичката криза во таа земја мора да се решави низ дијалог и дека, во спротивно, ќе следуваат “катастрофални последици”.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски