Морси нема да учествува на лидерска средба, ќе ја следи ситуацијата во Газа

Од:

Египетскиот претседател Мохамед Морси одлучи да не учествува на лидерската средба на муслиманските земји во развој, која започнува денеска во Исламабад, за да може да ја следи ситуацијата во Појасот Газа, каде синоќа стапи во сила примирје.

На пакистанската средба на врвот ќе учествуваат шефови на држави и влади од групата Д-8 (Developing Eight), формирана во 1997 година. Морси во Исламабад ќе го испрати својот потпретседател Махмуд Мекки, соопшти претседателскиот кабинет.

– Морси донесе ваква одлука поради потребата да ги следи настаните и дејствијата на сите страни, кои се опфатени во договорот за прекин на огнот во Газа, се наведува во соопштението на кабинетот.

Примирјето, кое стави крај на еднонеделните судири меѓу Израел и палестинското радикално движење Хамас, беше објавено вчера во Каиро по интензивни посреднички напори од страна на Египет.

Израелските власти соопштија дека 12 ракети биле истрелани од Газа веднаш по почетокот на примирјето. Советот за безбедност на ОН ги повика и Израел и Хамас да го почитуваат прекинот на огнот.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски