Морисон: Австралија трпеливо ќе ги гради односите со Франција

Од:

Австралискиот премиер Скот Морисон, една недела откако откажувањето на големиот договор за купување подморници предизвика дипломатски спор помеѓу Австралија и Франција, рече дека се обидел да договори разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, но дека досега не успеал.

Морисон во средата во Вашингтон рече дека трпеливо повторно ќе ги гради односите со Франција.

Париз ги повлече своите амбасадори од Канбера и Вашингтон, посочувајќи дека се изненадени од одлуката на Австралија да изгради подморници со нуклеарен погон со САД и Велика Британија, наместо да го почитува договорот за изградба на конвенционални француски подморници.

Претседателите на Франција и на САД, Емануел Макрон и Џо Бајден вчера телефонски разговараа по барање на американскиот лидер, а со цел да се осврнат на импликациите од објавата на 15 септември, соопшти Белата куќа.

Во заедничката изјава, двајцата претседатели се согласија дека ситуацијата би добила многу повеќе при отворени консултации меѓу сојузниците во однос на работи од стратешки интерес за Франција и европските партнери.

– Двајцата лидери одлучија да започнат процес на продлабочени консултации со цел создавање услови за подобрување на довербата и понуда на конкретни мерки кон заеднички цели, се вели во изјавата.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна