Морето фрли 57 тела на брегот на Либија

Од:

Најмалку 57 тела исфрлија на брегот во западна Либија откако два брода со мигранти потонаа во Медитеранот, соопштија крајбрежната стража и хуманитарните работници.

Еден преживеан, Басам Махмуд од Египет, рече дека на еден од бродовите имало околу 80 патници. Бродот денеска замина за Европа.

„Сцената беше ужасна и некои загинаа во водата пред мене“, изјави Махмуд за Ројтерс, додавајќи дека на еден од бродовите избила тепачка.

Единаесет тела, меѓу кои и едно дете, се пронајдени во близина на градот Карабули, источно од Триполи, изјави претставник на крајбрежната стража Фати ал Зајани.

Тој додаде дека станува збор за мигранти од Пакистан, Сирија, Тунис и Египет.

Би можело да ве интересира

Вечерва приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија

Предраг Петровиќ

Србин шверцувал осум мигранти од Сирија

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Стружанец со комбе шверцувал 33 мигранти

Горан Наумовски

Орбан: Вооружени мигранти нападнаа заедничката гранична патрола на Србија и Унгарија

Горан Наумовски

Обвинение против полициски инспектор за усмртената мигрантка кај Гевгелија

Предраг Петровиќ