Молдавија сака приближување кон ЕУ

Од:

Министерката за надворешни работи на Молдавија, Наталија Гавралица се сретна денеска со шефот на ЕУ дипломатијата, Жосеп Борел, за разговори за иднината на односите помеѓу двете страни и партнерството со земјите од Источното Партнерство.

Новата молдавска Влада, која важи за проевропска, се залага за зајакнување на односите со ЕУ.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ ги поздрави заложбите на Молдавија за реформирање и зајакнување на судскиот систем, владеењето на правото и справување со корупцијата и изрази надеж дека овие реформи ќе донесат долготрајни и одржливи резултати.

Борел и Гавралица разговарале и за регионалните прашања поврзани за Источното Партнерство, каде членуваат и земји како Украина и Грузија, кои се во конфликт со соседна Русија.

Шефот на ЕУ дипломатијата вети дека територијалниот интегритет на Молдавија ќе се почитува по секоја цена.

-Разговаравме и за иднината на безбедноста и одбраната и се договоривме да ги рестартираме билатералните консултации за да се идентификуваат повеќе области за дополнителна соработка, и, се разбира, разговаравме за решаваше на конфликтот во Транснистрија. Ние сме подготвени да олесниме мирно и одржливо решение со целосно почитување на територијалниот интегритет на Молдавија во меѓународно признатите граници со посебен статус за Транснистрија, рече Борел.

Министерката за надворешни работи на Молдавија од своја страна се заблагодари за помошта на ЕУ во делот на реформите, како и за финансиската поддршка и поддршката за време на кризата со Ковид-19.

-Им се заблагодаруваме на ЕУ и земјите членки за испорачувањето на вакцини и на потребна опрема што беше неопходно за поддршка на здравствениот систем, благодарение на што многу животи беа спасени, рече Гавралица.

Таа ја поздрави и финансиската асистенција во износ од 600 милиони евра од ЕУ во облик на грантови, заеми и инвестиции.

За Молдавија, рече таа, е важно да се има амбициозна агенда за Источното Партнерство.

-Источното Партнерство продолжува да биде успех и се надевам дека ќе им се овозможи на три од земјите да се приближат уште повеќе до ЕУ, изјави министерката.

Станува збор за Молдавија, Украина и Грузија кои се надеваат да станат еден полноправни членки на ЕУ.

Во рамките на Источното Партнерство, каде членуваат и Азербејџан, Ерменија и Белорусија, Молдавија, Украина и Грузија во мај годинава формализираа посебно трио кое има амбиција да стане повеќе од придружен партнер на Унијата. Овие три земји тогаш јавно изразија за желба за полноправно членство во Унијата.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он