Могерини: Слободата на медиумите е столб на демократијата

Од:

Слободниот печат не е само весник за сигурни и точни информации, туку е и столб на демократијата, изјави шефицата на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, кој се одбележува на 3 мај.

– Слободни, разновидни и независни медиуми се основа на плуралистичко и отворено општество.

Истражувачкото новинарство има улога на неопходно надзорно тело кое и помага на јавноста за одговорно држење на власта и институциите на сите нивоа. Сепак, се почесто сме сведоци на обиди за ограничување на местото за слободни медиуми, додека нивниот кредибилитет постојано се доведува во прашање и многу новинари го дадоа својот живот и ризикуваат поради откривање непријатни вистини, се наведува во соопштението на Европскиот совет.

Могерини напоменува дека светот на утрешниот ден ќе се потсети на сите предизвици со кои медиумите се соочуваат во период на дезинформации, како и на потенцијалната улога на медиумите за да ја поддржат демократијата, мирот и помирувањето.

– Дезинформациите имаат голем потенцијал негативно да влијаат врз демократските процеси и јавните дебати низ целиот свет, а Европската унија не е изземена од тоа, порача Могерини.

Според неа, токму поради тоа е покренат Акциски план на ЕУ против дезинформации, чија цел е зајакнување на општеството во борбата против дезинформациите.

Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува од 1991 година секој 3 мај.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски