Mогерини: Очекувам позитивен резултат од продолжението на дијалгот Белград-Приштина

Од:

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска во Брисел го најави продолжението на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и средбата на српскиот премиер Александар Вучиќ со претседателот на косовската Влада Иса Мустафа.

– Се надевам дека вечерашната средба ќе биде завршена со позитивна оценка, рече Могерини, која истакна дека првиот состанок на Вучиќ и Мустафа ќе биде многу важен, додавајќи дека ЕУ минатата година успешно посредуваше во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Таа изрази уверување дека со нејзиното посредување дијалогот и во иднина ќе биде успешен.

Портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчич, во пресрет на велерашната рунда од дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина изјави дека ЕУ пред се очекува напредок во примената на Бриселскиот договор.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија