Могерини го осуди пактот Русија – Абхазија

Од:

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го осуди во вчерашното соопштение сојузот, кој претставниците на Русија го склучија со лидерите на отцепената грузиска област Абхазија.

– Со потпишувањето на т.н. пакт за сојузништво и стратешко партнерство меѓу Русија и Абхазија им се нанесува штета на напорите за стабилизирање на безбедносната ситуација во регионот, порача Могерини.

Таа констатираше дека оваа спогодба претставува кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија и оти е спротивна на меѓународното право.

НАТО исто така ја осуди спогодбата, а Вашингтон најави дека нема да ја признае оваа постапка на Русија и додаде дека го поддржува суверенитетот на Грузија.

– Т.н спогодба не придонесува за мирно и трајно решавање на ситуацијата во Грузија, нагласи генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Ахбазија и Јужна Осетија во 2008 година се отцепија од Грузија по кусиот вооружен судир, во кој Русија воено ги поддржа сепаратистите. Освен Русија независноста на овие територии ја признаа и Никарагва, Венецуела и пацифичката држава Науру.

Абхазија со потпишаната спогодба се обврза својата надворешна и безбедноста политика отсега да ја води во тесна координација со Москва.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов