Могерини ги повика сириската Влада и Русија да ги поштедат цивилите

Од:

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска ги повика сириската Влада и Русија да сторат се што е во нивна моќ за да ги поштедат цивилите во Алепо, во момент кога бладините сили се подготвуваат да ги протераат и последните бунтовници од градот.

– Приоритет сега, во овие часови е да ги заштитиме цивилите, да им гарантираме безбеден транзит под надзор до безбедните места, истакна Могерини.

Таа додаде дека тоа пред се е одговорност на сириската Влада и на нејзините сојузници, предупредувајќи дека „оние кои извршуваат воени злосторства ќе бидат повикани на одговорност“.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски