Могерини: Договорот со Иран е блиску

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма е блиску до постигнување.

– Сметам дека договорот е на дофат, изјави Могерини на меѓународен собир во Рига, каде денеска почнува неформална средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Могерини, која во името на ЕУ ги координира преговорите со Иран и претставниците на пет постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН, истакна дека договорот ќе биде прифатлив за сите.

– Нема да има договор ако не биде добар, и тоа е нешто што треба да се пренесе на сите наши пријатели и партнери, изјави Могерини, алудирајќи на неодамнешното обраќање на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред американскиот Конгрес.

Преговорите за иранската нуклеарна програма, што сега се во завршна фаза, треба да доведат до откажување на Иран од развој на материјали за изработка на нуклеарно оружје во замена за тргање на меѓународните економски санкции кон Техеран.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов